ОСМОМАРТОВСКА ЗАБАВА

Почитувани членови, пријателки и пријатели, Македонки и Македонци.
По повод 8-ми Март МД »Св. Кирил и Методиј« од Баар ја организира традиционалната Осмомартовска забавна вечер.

Прославата ќе се одржи на 09.03.2019 (сабота) во салата
Rainhalde
Untere Rainstrasse 11,
6340 Inwil / Baар
Kanton Zug
со почеток од19 ч-02 ч.
За вашето добро расположение ќе се погрижи групата «Екстра бенд – Плус».
Вечерата ке биде збогатена со вкусна скараод мајсторот КољоРистов.
Мило ќе ни биде да ве поздравиме вас и вашите најблиски на оваа Македонска забава.
Влез 15.– CHF, а за деца до 12 години бесплатно.
За информации може да cе јавете на овие тел. Броеви:
Костадинов Лилјана 079 643 29 17 | Костадинов Димитар 079 684 68 68 | Тилева Софија 078 735 13 34

Baarer Dorf-Fäscht

Една од прекрасните традиции во општина Баар е и Селската фешта ( Das Baarer Dorf-Fäscht). За прв пат организирана во 1994 во центарот на Баар по повод 100-годишнината на трговското здружение во Баар.

На 25 август 2018 година – точно на тригодишниот циклус – настанот ќе се одржи по деветти пат.

На оваа стопанско / туристичка / забавна манифестација со свој штанд учество ќе земе и Македонското друштво »Св. Кирил и Методиј«. Традиционално посетителите ќе можат да вкусат од Македонската кујна и да уживаат во Македонските вина.

»»» Flyer Dorf-Fäscht 2018

»»» Übersichtsplan Dorf-Fäscht Baar 2018 (pdf)


И денес времето не беше баш летно.
Но тоа не спречи да расположението кај Македонците не биде на високо ниво!
Повелете, посетете не! Ние сме тука до 02 часот..

Новогодишна вечера

Членовите на Македонското друштво »Св. Кирил и Методиј« во Баар на 13.01.2018 во ресторантот на Валдманхале во Баар се собраа за да ја одбележат минатата година и да се подготват за активности во новата 2018 година.

Во пријатна и приателска атосфера се разменуваа искуства и идеи за понатамошното работење и активности.

Секако дека не изостана и малата веселба…

Fest der Nationen

Цуг, 09.09.2017,

И покрај дождливото време во Цуг се одржа интернационалната манифестација
»Fest der Nationen«.
На оваа манифестација Македонската кујна и традиција беше представена од страна на Македонското друштво »Св. Кирил и Методиј, Баар«.
Покрај традиционалните Македонски јадења, беа понудени и различни Македонски вина, Тиквешка жолта, пиво (Скопско), Струмка …

Неколку импресии од манифестацијата:

fotos

video

Fachstelle Migration Zug

Службата за миграција при кантон Цуг, информира за активностите кои следуваат.
Членовите на Македонското друштво Св. Кирил и Методиј во Баар кое соработува со службата, мoжат слободно да учествуваат на следниве активности:

 

              

 

 

наскоро

Наскоро на ова место ќе може да добивате најнови  информации за нашето друштво

А за сите носталгичари, како и сведок на едно време, досегашната интернет презентација е достапна на : http://svetikirilimetodij.ch/ex/