за нас

По распаѓањето на Југославија, Македонците кои живеат во Швајцарија формираа друштва за остварување и усогласување на своите национални потреби и интереси. Така беше и со оние Македонци кои живеат и работат во кантон Цуг. По долги разговори и размислувања Македонците кои се собираа и разонодно играа мал-фудбал, се организираа и на 24.05.1996 година основаа Македонско Спортско Друштво кое за патронат, како што поочува датумот на создавање, ги зедоа Светите Кирил и Методиј. Со времето се појави и потреба за проширување на активностите, па на 17.09.2000 година се изврши преобразба од Македонско Спортско Друштво (МСД) во Македонско Друштво (МД). Одма после оваа преобразба, Друштвото беше регистрирано во Регистарот за странски клубови во Кантон Цуг, под името: « Македонско Друштво Св. Кирил и Методиј». МД « Св. Кирил и Методиј» е активно во целото Македонско движење во Швајцарија и постана едно од водечките друштва било тоа да е на полето на соживот било тао да е на полето за реализација на хуманитарни акции. Со својата работа, совесно и одговорно како што е и статутарно утврдено, се труди за подигање на угледот на Македонците во Швајцарија а исто така и Република Македонија ја претставува достоинствено. Денес Македонското друштво«Св. Кирил и Метоиј», брои повеќе од 100 членови, во склопот на друштвото работи Женска фолклорна група.

Контакт адреса:

Kostadinov Dimitar
MD Sv, Kiril i Metodij
Inwilerstrasse 13a
6340 Baar